Достапни линкови

Карзаи во посета на Катар


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи

Авганистанското министерство за надворешни работи соопшти дека претседателот Хамид Карзаи ќе го посети Катар, каде ќе оствари средби во врска со воспоставувањето на мировни преговори со талибанците. Според министерството, Карзаи со катарските лидери ќе разговара и за отварањето на канцеларија на талибанците во земјата.
Авганистан веќе се согласи дека талибанците може да отворат своја канцеларија во Катар само доколку ги прекинат врските со Ал Каеда и терористичките активности.
XS
SM
MD
LG