Достапни линкови

logo-print

Струга: иселениците гласаат дома


Македонија - избори

Македонија - избори

Во Струга и струшко изборниот процес засега тече мирно и без проблеми информираат од политичките партии. Како што јави нашиот дописник од регионот, во текот на вчерашниот ден во Струга пристигнаа 10 автобуси со иселеници македонци од Италија кои ќе гласаат на локалните избори денес, и 2 автобуси со македонски граѓани кои се на привремена работа во Словенија.
Во текот на вчерашниот ден со автобуси и со чартер авиони пристигнаа и околу 1000 граѓани албанци кои живеат во Швајцарија, Австрија и Италија.
На Охридскиот аеродром во текот на денешниот ден е предвидено да слетаат три чартер авиони со патници од Швајцарија, додека бројот на полетувања е девет чартер авиони кои во текот на вчерашниот ден слетаа во Охрид во најголем дел со граѓани албанци кои дојдоа да гласаат на локалните избори во Кичево.
Во Струга се избира меѓу тројца кандидати за градоначалници, еден македонски кандидат и двајца албански
XS
SM
MD
LG