Достапни линкови

Авганистан ќе ја преземе контролата врз Парван


Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгл

Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгл

Американските власти соопштија дека постигнале договор со Авганистан за пренос на контролата врз притворниот центар Парван. Според соопштението, американскиот секретар за одбрана Чак Хејгл телефонски разговарал со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи со кој се договорил контролата врз објектот кој се наоѓа до воената база Баграм да се изврши утре.
Хејгл ја поздравил подготвеноста на Карзаи трансферот да биде извршен на начин преку кој нема да биде загрозена безбедноста на авганистанскиот народ и коалиционите сили.
XS
SM
MD
LG