Достапни линкови

Преговорите за Кипар продолжуваат во Брисел


Никозија

Никозија

Преговорите околу спасувачкиот пакет за Кипар се наоѓаат во многу деликатна фаза и ќе продолжат денеска во Брисел, се наведува во соопштението на кипарската влада.
Во соопштението се наведува дека претседателот Никос Анастасиадис денеска во Брисел ќе има средби со европските претставници и ќе учествува во средбата на Еврогрупата.
Претходно кипарските медиуми објавија дека Кипар и тројката меѓународни кредитори постигнале договор за еднократно оданочување на депозитите во кипарските банки во вредност од над 100 илјади евра.
Според договорот депозитите во водечката кипарска банка „Банк од Кипар“ треба да бидат оданочени со 20 процентен данок, депозитите во останатите банки во земјата со 4 процентен данок.
Кипар треба да собере 5,8 милијарди евра, ако сака да добие 10 милијарди евра финансиска помош од ЕУ и ММФ.
XS
SM
MD
LG