Достапни линкови

МВР нема да толерира никаквo нарушување на изборниот процес


Нема да се толерира никаква узурпација или нарушување на изборниот процес, потенцираат од МВР и посочуваат дека Републичкиот оперативен штаб ги завршил сите подготовки за обезбедување мирен, фер и демократски изборен процес.
На денот на изборите в недела МВР ќе ги обезбедува 2.976 – те избирачки
места од 06-19 часот, односно се до целосно завршување на гласањето и на
работата на избирачките одбори.
Обезбедувањето опфаќа физичка безбедност на објектите каде се наоѓаат
гласачките места и приодот до нив за време на гласањето, физичка безбедност
на гласачките материјали и лична безбедност на гласачите, кандидатите,
партиски работници или претставници, членови на ИО, акредитирани
набљудувачи и воопшто јавноста.
XS
SM
MD
LG