Достапни линкови

Во Македонија се гласа на локални избори


Денеска во Република Македонија се одржуваат шестите по ред локални избори од независноста на земјата. Се гласа за градоначалници и советници во 80 општини и во Градот Скопје. На 2.976 гласачки места својот глас, според избирачкиот список, треба да го дадат 1.743.403 граѓани.

Во првиот круг за градоначалник е избран оној кандидат кој добил мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку на изборите
излегле една третина од вкупниот број на избирачи за соодветната општина.

Доколку не се остварат тие услови, двајцата кандидати кои освоиле најголем број на гласови одат на втор изборен круг после 2 недели и тогаш победник е оној кој има релативно мнозинство.
Кај советничките листи, пак, нема изборен праг, туку се утврдуваат по пропорционалниот Донтов модел.

Изборите ќе бидат набљудувани од над 3500 домашни и над 300 странски посматрачи на мисијата на ОБСЕ - ОДИХР.
XS
SM
MD
LG