Достапни линкови

Се сретнаа стариот и новиот папа


Папата Франциск.

Папата Франциск.

Папата Франциск денеска се сретна со неговиот претходник Бенедикт XVI. Се верува дека тоа се случува првпат во историјата на Римо-католичката црква. Средбата се одржа во папската резиденција Кастел Гандолфо во близина на Рим каде што папата Франциск пристигна со хеликоптер. Почесниот папа Бенедикт живее во резиденцијата откако се повлече минатиот месец. Ватикан соопшти дека содржината на разговорите меѓу 76-годишниот Аргентинец, папата Франциск, и 85-годишниот Германец, поранешниот папа Бенедикт XVI, е приватна. Бенедикт XVI е прв папа по 600 години што се повлекува, иако папите се бираат доживотно.
XS
SM
MD
LG