Достапни линкови

Лажна пријава за бомба на скопскиот и охридскиот аеродром


Аеродромот „Александар Велики“ во Скопје.

Аеродромот „Александар Велики“ во Скопје.

Концесионерот на македонските аеродроми ТАВ попладнево соопшти дека дојавата за поставена бомба на аеродромите во Скопје и Охрид, „Александар Велики“ и „Свети апостол Павле“ била лажна.

Нешто по 14 часот на скопскиот аеродром „Александар Велики“ анонимно, засега непознато машко лице се јавило и на лош англиски јазик алармирало дека има поставено бомба на двата аеродроми во Скопје и во Охрид.

Екипи од антитероризам на МВР, согласно процедурите ги презеле сите неопходни мерки, меѓу кои и евакуација на вработените и патниците.

Портпаролот на МВР, Иво Котески за МИА информира дека досега е проверена новата аеродромска зграда и ништо не е пронајдено. Исто така превземени се мерки и на охридскиот аеродром, каде засега антитерористичките екипи не пронајдоа ништо сомнително. Сепак, полицијата се уште ги превзема сите неопходни мерки, се до утврдување на идентитет на лицето кое пријавило.
XS
SM
MD
LG