Достапни линкови

Франција убила исламистички лидер во Мали


Илустрација: Мали.

Илустрација: Мали.

Франција соопшти дека еден од клучните водачи на исламистичките милитанти поврзани со Ал Каеда во северна Африка, Абделхамид Абу Зеид, бил убиен во борбите со француските сили во Мали. Кабинетот на францускиот претседател Франсоа Оланд потврди дека 47-годишниот Абу Зеид бил убиен на северот на Мали кон крајот на февруари. Тој се сметаше за еден од најрадикалните лидери на Ал Каеда во северна Африка. Франција започна воена интервенција во својата поранешна колонија Мали во јануари, за да им помогне на властите да се справат со исламистичките бунтовници.
XS
SM
MD
LG