Достапни линкови

Новиот кинески претседател во посета на Русија


Кинескиот претседател Кси Џинпинг, кој е во посета на Москва, се сретна со рускиот премиер Владимир Путин.

Кинескиот претседател Кси Џинпинг, кој е во посета на Москва, се сретна со рускиот премиер Владимир Путин.

Кинескиот претседател Кси Џинпинг, кој е во посета на Русија, го поздрави силното партнерство меѓу двете земји. Тој се сретна со неговиот руски колега Дмитриј Медведев и рече дека резултатите од посетата далеку ги надминале неговите очекувања. Во говорот пред руските студенти, тој рече дека цврстите кинеско-руски врски се гаранција за стратешкото балансирање на моќта во светот. Тој исто така предупреди против странско мешање во внатрешните работи на други држави. Посетата на Русија е прво патување во странство на Кси Џинпинг, откако стана претседател на Кина минатата недела. За време на средбата со рускиот премиер Владимир Путин, тој рече дека се согласил за засилување на меѓусебната поддршка. Руските и кинеските власти потпишаа пакет договори, меѓу кои и договор за испорака на руска нафта и меморандум за изградба на нов гасовод кон Кина.
XS
SM
MD
LG