Достапни линкови

Значителен прогрес меѓу Кипар и европските кредитори


Кипар.

Кипар.

Кипарскиот министер за финансии Михалис Сарис денеска во Никозија изјави дека е постигнат значителен прогрес во разговорите со европските кредитори. Сепак, тој рече дека сè уште има нерешени прашања. Кипарските политичари бараат алтернативен план за собирање пари, неопходен за добивање на меѓународниот спасувачки пакет за спречување банкрот на земјата, откако пратениците го отфрлија предлогот за оданочување на банкарските депозити. Европската централна банка предупреди дека ќе престане со обезбедување итни средства за Кипар, ако новиот план за справување со долгот на земјата не се донесе до понеделник. Се очекува за кипарската криза да се разговара на утрешниот состанок на министрите за финансии на земјите од еврозоната.
XS
SM
MD
LG