Достапни линкови

logo-print

Мост ќе го следи првиот круг на изборите со 3.200 набљудувачи


Директорот на Мост Дарко Алексов.

Директорот на Мост Дарко Алексов.

Граѓанската асоцијација „Мост“ првиот круг од локалните избори утре ќе ги следи со околу 3.200 набљудувачи, број со кој ќе се покријат околу 50 проценти од гласачките места во Република Македонија, како и 50 проценти од гласачките места во рамки на секоја општина.

Набљудувачите на „Мост“ ќе бидат статични, информира на денешната прес - конференција извршниот директор Дарко Алексов, а мобилни тимови ќе ги набљудуваат повремено оние места на кои нема да има статични набљудувачи.

„Мост“ денеска го набљудува и предвременото гласање на болните и изнемоштени лица, внатрешно раселените, лицата во затвор и во куќен притвор.

Препознатлив белег за набљудувачите на „Мост“ ќе бидат жолтите маици и акредитациите од ДИК истакнати на видно место.

Од „Мост“ упатија апел за одржување фер, слободен и мирен изборен процес и ги информираат граѓаните кои сакаат да пријават евентуални нерегуларности оти можат да се јават на бесплатната телефонска линија 080 080 080.

Амбасадорите на Германија, Холандија и на Велика Британија, Гудрун Штајнакер, Мариет Схурман и Кристофер Ивон ги повикаа граѓаните да излезат на избори и слободно да ја изразат својата волја.
XS
SM
MD
LG