Достапни линкови

Народниот правобранител со бесплатната телефонска линија за изборите


Утре, на денот на одржувањето на локалните избори, во канцеларијата на Народниот правобранител, во периодот од 7 до 19 часот, ќе функционира бесплатната телефонска линија 0800-54321 на која граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.

Отворени за граѓаните ќе бидат и сите седум канцеларии на Народниот правобранител во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права.

Граѓаните, покрај лично во канцелариите, како и на бесплатната линија, за заштита на своите права ќе можат да се јават и на телефонските броеви во Тетово 044-344-082, Струмица 034-329-996, Кичево 045-228-584, Битола 047-242-310, Штип 032-389-701 и Куманово 031-431-488.
XS
SM
MD
LG