Достапни линкови

Талибанците се заканија со атентат врз Мушараф


Поранешниот претседател на Пакистан Первез Мушараф.

Поранешниот претседател на Пакистан Первез Мушараф.

Пакистанските Талибанци се заканија дека ќе извршат атентат врз поранешниот претседател на Пакистан Первез Мушараф кога ќе се врати во земјата од егзил за да учествува на изборите. Талибанскиот милитант Аднан Рашид, кој учествуваше и во претходниот обид за атентат врз Мушараф, во видео обраќање испратено до медиумите, вели дека „муџахедините на исламот имаат подготвено специјален одред што ќе го испрати Мушараф во пеколот“. Има бомбаши-самоубијци, снајперисти, специјална единица за напад и тим за борба од близина, подготвени за атентат, вели тој. Мушараф се придружи на американската војна против тероризмот по нападите од 11 септември 2001 година, а потоа почна голема операција против милитантите во неговата земја. Тој треба да се врати во Пакистан утре за да учествува на парламентарните избори на 11 мај, откако помина скоро четири години во самонаметнат егзил во Дубаи и во Лондон.
XS
SM
MD
LG