Достапни линкови

Историска средба меѓу стариот и новиот папа


Папата Франциск.

Папата Франциск.

Стариот и новиот Папа денеска треба да се сретнат. Се верува дека тоа се случува првпат во историјата на Римо-католичката црква. Најавено е дека папата Франциск денеска ќе се сретне со неговиот претходник Бенедикт XVI во папската резиденција Кастел Гандолфо во близина на Рим. Почесниот папа Бенедикт живее во резиденцијата откако се повлече минатиот месец. Ватикан соопшти дека содржината на разговорите меѓу 76-годишниот Аргентинец, папата Франциск, и 85-годишниот Германец, поранешниот папа Бенедикт XVI, е приватна. Бенедикт XVI е прв папа по 600 години што се повлекува, иако папите се бираат доживотно.
XS
SM
MD
LG