Достапни линкови

Кипар сè уште размислува за оданочување на банкарските депозити


Се очекува кипарските пратеници да повторно да расправаат за воведување данок на банкарските депозити поголеми од 100 илјади евра. Тие во вторникот одбија да наметнат оданочување на заштедите, но прашањето останува актуелно додека властите се обидуваат да соберат 5,8 милијарди евра за да може да го добијат спасувачкиот пакет од 10 милијарди евра за да избегнат банкрот. Доцна во петокот, парламентот донесе три мерки, вклучувајќи нацрт-закон за реструктуирање на банкарскиот сектор, како и мерки што ќе спречат масовно повлекување на депозитите кога банките повторно ќе отворат во вторник. Се очекува за кипарската криза да се разговара на утрешниот состанок на министрите за финансии на земјите од еврозоната. Европската централна банка предупреди дека ќе престане со обезбедување итни средства за Кипар, ако новиот план за справување со долгот на земјата не се донесе до понеделник.
XS
SM
MD
LG