Достапни линкови

logo-print

„Час на Земјата“ ширум светот


Сиднеј.

Сиднеј.

Многу знаменитости во големите градови ширум светот вечерва ќе ги исклучат светлата на еден час како дел од кампањата „Час на Земјата“ против климатските промени. Русија за првпат ќе ги исклучи светлата на Кремљ. Во кампањата се вклучуваат и Сиднејската опера во Австралија, Емпаер стејт билдинг во Њујорк, како и Ајфеловата кула во Париз. Организаторите очекуваат кампањата да ја поддржат и стотици милиони луѓе во светот, со тоа што ќе ги исклучат светлата во нивните домови на еден час, почнувајќи од 20:30 по локално време. Кампањата „Час на Земјата“ почна во Сиднеј во 2007 година, а минатата година учествуваа повеќе од 150 земји.
XS
SM
MD
LG