Достапни линкови

МВР и викендов ќе издава лични карти


Граѓаните кои евентуално изгубиле или немаат биометриски личен документ неопходен за гласање в недела на локалните избори, информира МВР, за нив ќе може да аплицираат и денеска. Управните служби на МВР денеска низ цела држава ќе примаат и ќе ги одобруваат барањата од 08.30 часот до 16.30 часот. Граѓаните кои денеска ќе аплицираат или кои аплицирале претходниве денови, ќе можат личните документи да ги подигнуваат и в недела бидејќи на 24-ти е предвидено да работат сите управни служби од 07 до 19 часот, но само за издавање документи, со исклучок на Скопје, каде што и в недела ќе може во итна постапка да се аплицира.
XS
SM
MD
LG