Достапни линкови

Грчка банка ги апсорбира грчките филијали на најголемите кипарски банки


Кипар.

Кипар.

Грчката банка „Пиреја“ ќе изврши апсорпција на грчките филијали на „Банката на Кипар“ и „Кипарската Популарна банка“, одлучи грчкиот Фонд за финансиска стабилност (ХФСФ), со што ќе се заштитат депозитите во овие две банки во Грција. Третата по големи кипарска банка „Хеленик банката“ ќе продолжи да работи самостојно.

Како резултат на оваа одлука, филијалите на двете кипарски банки во вторник повторно ќе почнат со работа како дел од „Банката Пиреја“, откако беа затворени повеќе од една седмица, јави дописникот на МИА од Атина. Претставници на „Пиреја“денеска во Кипар ќе го потпишат договорот за апсорпција на филијалите.

Грчкото Министерство за финансии, Народната банка на грција и ХФСФ уверуваат дека филијалите ќе почнат со работа во вторник, зашто понеделник е неработен ден, и ќе продолжт нормално да функционираат.
XS
SM
MD
LG