Достапни линкови

Смртоносна бомба на пазар во Балучистан


Во пакистанската провинција Балучистан денеска од бомба поставена на мотор на пазар загинаа 7, а се ранети најмалку 30 луѓе.
Како што јави Радио Машал, засега никој не ја превзел одговорноста.
Балучистан е провинција на границата со Авганистан и е поприште на верски судири меѓу радикалните сунити кои ги напаѓаат шиитите, како и меѓу балучистанските националисти кои бараат поголема автономија и поделба на профитот од нафтата, гасот и другите минерални ресурси со кои е богат овој регион.
XS
SM
MD
LG