Достапни линкови

Кој нема пари на Кипар, нема од што да се плаши


Банкарската криза во Кипар нема да има директни последици во Македонија, но може да се очекуваат индиректни ефекти, сметаат упатените.

Банкарската криза во Кипар нема да има директни последици во Македонија но може да се очекуваат индиректни ефекти, сметаат упатените.
Шпанија, Португалија, Италија. Не верувам дека ќе има некое поголемо влијание кај нас, со оглед на тоа дека ние, нашиот народ поминал низ тоа искуство на замрзнати девизни депозити и ги знае тие паники што настануваат.
Љубе Трпевски,поранешен Гувернер на НБРМ.

Екс-гувернерот на Народната банка на Македонија Љубе Трпески вели дека последиците може да се почуваствуваат во ранливите земји од Еврозоната.

„Шпанија, Португалија, Италија. Не верувам дека ќе има некое поголемо влијание кај нас, со оглед на тоа дека ние, нашиот народ поминал низ тоа искуство на замрзнати девизни депозити и ги знае тие паники што настануваат.“

Согласно законските одредби, жителите на Македонија не смеат да имаат сметки на физички и правни лица во странство, но дел од граѓаните велат дека не е проблем да отворат банкарски сметки на нерезиденти надовор од земјава. Нема проценки колку македонски пари се наоѓаат во кипарските банки. Нашите банки немаат поголеми врски со Кипар, вели Трпески, додавајќи дека во опасност би биле депозити од приватници.

„Ако има депозити, тоа се депозити на приватници, така да ако остане оваа одлука, може да изгубат 10 отсто тие приватници од Македoнија кои држат таму пари. Но државата, ниту банките немаат таму пари.“

Дали случувањата во соседството се одразуваат на довербата во банкарскиот сектор? Анкетираните граѓани велат дека не им веруваат на банките во Македонија.
Дали им верувате на банките?
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:27 0:00
За сега нема проценки колку пари од Македонија има во Кипар.

Иако некои кажуваат дека индиректно може да има врска со нивните партнери и нивните бизнисни надвор од Македонија, но сметам дека се уште, барем сега за сега, далеку е од директно влијание врз нашето стопанство.
Фатмир Битиќи, Стопанска комора на северозападна Македонија.
Фатмир Битиќи од Стопанската комора на северозападна Македонија вели дека до сега немало поплаки од стопанствениците

„Иако некои кажуваат дека индиректно може да има врска со нивните партнери и нивните бизнисни надвор од Македонија, но сметам дека се уште, барем сега за сега, далеку е од директно влијание врз нашето стопанство.“

Индиректните ефекти би можеле да ги почувствуваат извозно ориентираните компании, појаснува Битиќи.

„Можно е да бидат затекнати од овие случувања, затоа што нивните партнери нема да имаат финсиска моќ.“

Кон ова и проценката на Американската организација „Глобал фајненшл интегрити“. Во својот извештај организацијата забележува дека од Македонија годишно исчезнуваат просечно 461 милиони долари.
XS
SM
MD
LG