Достапни линкови

Седум милијарди евра би биле повлечени од Кипар ако се отворат банките?


Никозија

Никозија

Седум милијарди евра ќе бидат повлечени од Кипар ако банките на островот почнат со работа во вторник, пишува весникот Катимерини. Повикувајки се на извори во Брисел, весникот тврди дека ЕУ барала од Никозија да замрзне секакво движење на капитал, вложен во кипарски банки за да биде избегнат банкрот на државата.
Извороте за весникот изјавиле дека ако банките бидат отворени во вторник, можно е повлекување на повеќе од седум милијарди евра.
Улиците во Кипар се празни, пазарот и трговијата на островот се замрени
целосно, државата е пред банкрот, синдикатите во исчекување на следните
чекори на Владата, објавува весникот.
XS
SM
MD
LG