Достапни линкови

Државниот врв на Кипар не разгледува излез од еврозоната


Протести на Кипар

Протести на Кипар

Портпаролот на кипарскиот претседател Никос Анастасиадис денеска изјави дека државниот врв не ја разгледува можноста за излез на земјата од еврозоната. “Се надеваме дека меѓународната тројка кредитори ќе се согласат со формулата, што ја разработуваме, нагласи портпаролот Хараламбус.
Парламентот во Кипар денеска треба да расправа за новите привремени рестриктивни мерки кои без усвоени синоќа, меѓу кои контролата врз банките, формирање Инвестициски Солидарен Фонд, мерки за контрола врз банките и рестрикции на банкарските трансакции. Централната банка предлага да се реструктурира банкарскиот сектор, кому му се заканува банкрот во следните денови. Процедурата за консолидација треба да му се спротивстави на ризикот од банкарски банкроти и треба да ги заштити сите гарантирани депозити на сума до 100.000 евра.
XS
SM
MD
LG