Достапни линкови

Курдите го прекинаа огнот, на ред е Анкара


Турската влада претпазливо го поздрави повикот за прекин на огнот што од затвор го упати курдскиот лидер Абдула Оџалан. Дали навистина се отвора вратата за решавање на курдското прашање во Турција?

Неколку часови по повикот на курдскиот лидер Абдула Оџалан, премиерот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјави:

„Мислам дека тоа е многу позитивен пристап, многу позитивен повик. Но, она што е најважно е колку ќе биде имплементиран.“

премиерот на Турција Реџеп Таип Ердоган
премиерот на Турција Реџеп Таип Ердоган


Според Ердоган, турските безбедносни сили ќе ги завршат операциите против курдските бунтовници откако ќе видат дека се спроведува повикот на Оџалан.

Мислам дека тоа е многу позитивен пристап, многу позитивен повик. Но, она што е најважно е колку ќе биде имплементиран.
Реџеп Tаип Eрдоган, премиер на Турција.
„Стигнавме до фазата кога нашите сили би требало да се повлечат зад границата со Турција. Ова не е крај, ова е почеток на нова ера“, e делот од пораката на Оџалан која на големиот собир во Дијабекир ја прочита курдскиот пратеник Сири Сураја Ондер.

До ова дојде по неколкумесечни преговори на Абдула Оџалан со претставници на турските разузнавачки служби.


Оџалан е во затвор на еден остров на Мраморното море во близина на Истанбул откако турските сили го уапсија во 1999 година во Кенија.

Оџалан во повикот не постави никакви специфични барања, но тие, како што додаваат аналитичарите, и онака биле добро познати: Редефиниција на турскиот идентитет во Уставот, кој треба да биде ослободен од етничката заснованост, образование на курдски јазик и третото, можеби и најтешко барање: суштинска децентрализација на власта и поголеми права на општините.

Дел од експертите, повикот на Оџалан го доведуваат и со личниот тајмниг на премиерот Ердоган, односно неговата намера да добие поддршка во парламентот за неговиот обид Турција да обезбеди посилен претседателски систем на владеење.
Досега турската влада не покажа подготвеност да разговара за овие прашања.

Сепак, откако во 2002 година на власт дојде премиерот Ердоган тој зазеде полиберален курс од неговите претходници во врска со курдското прашање, вклучувајќи промоција на реформи за поголеми културни и јазични права на курдите. Тоа и ја остава отворена можноста за наоѓање решение.

Дел од експертите, повикот на Оџалан го доведуваат и со личниот тајмниг на премиерот Ердоган, односно неговата намера да добие поддршка во парламентот за неговиот обид Турција да обезбеди посилен претседателски систем на владеење.


Имено тој сака власта што сега е во рацете на премиерот и на парламентот да ја пренесе врз претседателот, нешто слично како во Франција и Русија. За да му мине таквиот уставен амандман тој мора да ја добие поддршката од прокурдските пратеници во парламентот.

А токму тоа ќе биде доминантно политичкои прашање во наредните месеци со оглед на тоа што Ердоган сака да стане шеф на турската држава.

Инаку, околу 40 илјади загинале во конфликтот меѓу курдските бунтовници и турските владини сили кој почна во 1984 година.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG