Достапни линкови

Денеска на полноќ завршува изборната кампања


Денеска на полноќ завршува изборната кампања за претстојните локлани избори во недела. Во сабота е изборниот молк.Општинските изборни комисии денеска, најдоцна до сабота треба да ги достават избирачките ливчиња до Избирачките одбори. Вчера Државната Изборна комисија го презеде материјалот од печатница.ДИК треба да дистрибуира преку четири милиони ливчиња За скопските општини ќе има по четири ливчиња а за другите општини ќе има по две избирачки ливчиња. Во недела граѓаните ќе избираат градоначалници и советници во 84 општини и Градот Скопје.
XS
SM
MD
LG