Достапни линкови

Имаат ли право на љубов или само на грижа?


Весна Матевска, програмски координатор во ХЕРА.
Весна Матевска, програмски координатор во ХЕРА.

Знам и познавам и лица кои веруваат во себе и кои ќе продолжат да се борат и да ги рушат ѕидовите од предрасуди за сексуалноста и лицата со попреченост. Но, во рушењето на овие ѕидови на стереотипи треба да се бориме сите и да зборуваме отворено, пишува Весна Матевска, програмски координатор во ХЕРА во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Според Светска Здравствена Организација „сексуалноста е централен аспект од бидувањето човек за време на животниот век и ги вклучува полот, родовите идентитети и улоги, сексуалната ориентација, еротизмот, задоволството, интимноста и репродукцијата”. Потребата од блискост, љубов, гушкање е човекова потреба, потреба на сите. Љубов и припадност, секс, социјални врски, семејство се дел од основните човекови потреби.
Знам и познавам и лица кои веруваат во себе и кои ќе продолжат да се борат и да ги рушат ѕидовите од предрасуди за сексуалноста и лицата со попреченост. Но, во рушењето на овие ѕидови на стереотипи треба да се бориме сите и да зборуваме отворено.

Ако тоа е така, ако сето ова е познато, зошто лицата со попреченост ги сметаме за асексуални? Зарем лицата со попреченост не се човечки суштества, не се сексуални битија? Кога зборуваме за лица со попреченост зборуваме за лица кои имаат каков било вид или интелектулана или физичка попреченост. Лицата со попреченост како секое човечко суштество имаат право на сексуална врска и треба да имаат пристап до информации и сервиси за сексуалност, контрацепција и грижа за сексуално и репродуктивно здравје како и секој друг човек. Лицата со попреченост имаат еднакви сексуални права, кои не се ништо друго туку човекови права.

Стигмата, но и автостигмата често пати е присутна кога се зборува за сексуалноста и сексуалните и репродуктивни права на лицата со попреченост. „Сé уште можат да се забележат скриени погледи, страв, сожалување, понижување, и сл”, а сето тоа води кон отежната социјална интеграција на лицата со попреченост и ограничување на целосно уживање на сексуалните права. „Лицата со попреченост почесто се бирани, а поретко тие бираат партнер/ка“ и „Aко не се омажам за тој што сега сум во врска, најверојатно воопшто нема да се омажам“, се чести мислења и коментари од општата популација, но и од самите лица со попреченост.

Се забележува генерално, дека сексуалните и репродуктивни права, најчесто се поврзуваат со избор на партнер, практикување сексуални односи, имање на деца и правење на гинеколошки прегледи. Тука веднаш на ова се надоврзуваат прашања и коментари „Тој/ таа е инвалид, како ќе може да се грижи за своето семејство кога не може сам/а за себе да се грижи“.
Недостатокот на приватноста во секојдневен живот на голем број од лицата со попреченост, културните предрасуди, професионалните и родителски ставови, како и недостатокот на можности, често може да го отежнат пристапот до сексуални здравствени услуги за овие лица.

Колку често сретнувате лица со попреченост кои се успешни, кои знаат и можат да се грижат за себе, кои знаат и можат да се грижат и за други лица? Јас лично знам и познавам. Сите овие лица за мене се позитивен модел за успешна врска, за успешен брак и успешно родителство. Знам и познавам и лица кои веруваат во себе и кои ќе продолжат да се борат и да ги рушат ѕидовите од предрасуди за сексуалноста и лицата со попреченост. Но, во рушењето на овие ѕидови на стереотипи треба да се бориме сите и да зборуваме отворено.

Недостатокот на приватноста во секојдневен живот на голем број од лицата со попреченост, културните предрасуди, професионалните и родителски ставови, како и недостатокот на можности, често може да го отежнат пристапот до сексуални здравствени услуги за овие лица.

За крај би сакала да порачам до сите лица со попреченост - Иако имате попреченост, имате право и треба да знаете за:

Раст и развој на телото.
Пубертет и што да се очекува за време на пубертетот.
Името на сите полови органи и како тие работат.
Врски, односи и одговорности.
Приватен и јавен простор и соодветно однесување.
Правилна употреба на кондом.
Како да се спречи несакана бременост.
Како да се спречат сексуално преносливи инфекции.
Безбедност и превенција од злоупотреба и сексуално насилство.

ИМАТЕ ПРАВО НА СЕКСУАЛНА ЕДУКАЦИЈА според вашите потреби !
XS
SM
MD
LG