Достапни линкови

logo-print

Партиски препукувања за „фантомските гласачи“


Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски изјави денеска дека во СДСМ се свесни дека ќе доживеат пораз на локалните избори и затоа се обидуваат на секаков начин да создадат алиби за неприфаќање на реалната недоверба на граѓаните кон нив. Според него, СДСМ прави обид за удар врз легитимниот изборен процес во Македонија и груба манипулација со селективните информации за избирачкиот список. Димовски порача дека МВР денеска докажало дека тврдењето на СДСМ за наводните гласачи од Пустец е неточно.
Од СДСМ реагираа дека состојба со фантомските гласачи во Избирачкиот список е сериозна и алармантна за да се брани со политички памфлети. Во соопштението СДСМ ја повикуваат министерката за внатрешни работи како одговорна за Избирачкиот список јавно да соопшти, од каде осамнале толку голем број нови гласачи од Мала Преспа.
XS
SM
MD
LG