Достапни линкови

logo-print

ОН ќе спроведат истрага за хемискиот напад во Сирија


Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун изјави дека ќе спроведат истрага за наводниот хемиски напад во изминатава недела во сирискиот град Алепо. Сириските власти вчера побараа од ОН да формираат независна комисија која ќе го истражи нападот.
Сириските бунтовници кои се борат против режимот на претседателот Башар ал Асад негираа дека се одговорни за нападот и ја обвинија власта. Според Бан Ки Мун, соработката меѓу сите засегнати страни ќе биде клучна за успехот на истрагата.
XS
SM
MD
LG