Достапни линкови

Европската Централна Банка му даде рок на Кипар до понеделник


Европската централна банка им даде рок на кипарските власти до понеделник да смислат план со кој ќе биде обезбедена меѓународна помош за земјата. Европската централна банка ги одржува во живот кипарските банки со тоа што им овозможува да ги користат фондовите за итни случаи од локалните банки. Но, според Европската централна банка финансирањето ќе биде прекинато доколку до понеделник не биде договорен нов план.
Кипарските лидери во меѓувреме разговараат за алтернативниот план за штедење.
XS
SM
MD
LG