Достапни линкови

logo-print

Почна дистрибуцијата на материјалите за изборите в недела


Државната изборна комисија ги превзела избирачките ливчиња за неделните локални избори во Македонија и ја започнала дистрибуцијата до Општинските изборни комисии. Тие пак, се должни до утре да го достават материјалот до Избирачките одбори. Утре на полноќ започнува предизборниот молк, а в недела ќе се избираат градоначалници и советници во 80 општини, плус градот Скопје. Има вкупно 350 кандидати за градоначалници и 480 листи за советници. На 2976 гласачки места, својот глас ќе можат да го дадат 1.743.403 граѓани со право на глас.
XS
SM
MD
LG