Достапни линкови

logo-print

Обама во Рамала на разговори со палестинците


Рамала, 21.03.2013

Рамала, 21.03.2013

Американскиот претседател Барак Обама, денеска со хеикоптер од Израел, пристигна во Рамала, на Западниот Брег, каде што разговара со палестинскиот лидер Махмуд Абас и со други палестински претставници. Според некои аналитичари, палестинците му забележуваат на Обама дека не прави доволно за да ги принуди израелците да запрат со изградбата на доселенички населби на териториите за кои палестинците се надеваат дека еден ден ќе бидат дел од нивната држава. По Рамала, Обама повторно ќе се врати во Ерусалим, каде што е предвидено негово обраќање пред израелски студенти. Вчера Обама разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, по што изјави дека ќе стори се што е потребно за да биде спречен Иран да произведе нуклеарно оружје.
XS
SM
MD
LG