Достапни линкови

Неисплатливо производството на млеко


Млекопроизводителите се апсолутна нула во моментот, се жали млекопроизводителот Јетон Векман. Тој вели дека субвенции има, но тие доцнат и не им се од некоја помош на земјоделците.

Нема доволно млеко во Македонија, велат откупувачите, додека млекопроизводителите посочуваат дека кравите се скапи, а субвенциите не помагаат поради тоа што доцнат.
Во Македонија веќе подолг периoд има недостаток на квалитетно сурово млеко. Но постoи раст на млекопроизводството во Македонија за разлика од минатата години и очекуваме тој тренд да се подобрува во следните години.
Златко Најдовски, „БиМилк“

Златко Најдовски од компанијата „БиМилк“ вели дека производството на суровина се зголемува.

„Во Македонија веќе подолг периoд има недостаток на квалитетно сурово млеко. Но постoи раст на млекопроизводството во Македонија за разлика од минатата години и очекуваме тој тренд да се подобрува во следните години.“

Се поставува прашањето зошто во земјоделска земја, како што неретко Македонија ја презентираат политичарите, каде со народни пари се поддржуваат земјоделците и фармерите, имаме дефицит од една од најосновните прехрамбени производи? Кравите се скапи, вели млекопроизводителот Јетон Векман.
Млекопроизводителите се апсолутна нула во моментот. Субвенции има, тоа се е во ред, но субвенциите прво не се исплаќаат навреме и во моментот нема голема помош од тие субвенции.
Јетон Векман, млекопроизводител.

„Набавката е скапа, кравите доаѓаат од странство и се скапи и не може секој да ги земе и да ги издржува тие крави. А нашите крави заминаа за Албанија и за Косово или завршија во нашите кланици. Се извезуваат затоа што луѓето не се задоволни од откупната цена, храната во моментов е скапа и нема повеќе сметка.“

Не е исплатливо да се произведува млеко смета Векман.

„Млекопроизводителите се апсолутна нула во моментот. “

РСЕ: Немате некаква поддршка, субвенции?

„Субвенции има, тоа се е во ред, но субвенциите прво не се исплаќаат навреме и во моментот нема голема помош од тие субвенции.“

Според податоците во програмата за финансиска подршка на земјоделството, минатата година се трошеле повеќе пари за директни плаќања за сточарското производство, во споредба со планираните расходи за годинава. Останува да се види дали пет процентно намалените трошоци по овој основ ќе придонесат кон намалување на млекопроизводството. Од здруженијата на земјоделци за сега избегнуваат да дадат изјава на оваа тема. Најдовски вели дека во план е приватниот сектор да им се помогне на производителите.

„Ние настапуваме со еден проект кој ќе трае до 2015 година. Проектот се состои во активен увоз на високостелни јуници кои подоцна ќе бидат молзни крави и со техничка асистенција на фармите планираме да го надминеме тој недостаток на млеко кој се јавува сега во земјата.“

Покрај повлекувањето на млечни производи од соседните земји поради висока концентрација на алфатоксини, министерот за земјоделие Љупчо Димовски уверува дека во земјава се продава безбедно и квалитетно млеко.
XS
SM
MD
LG