Достапни линкови

logo-print

Кипар го разгледува планот Б за спас од банкрот


Никозија, 21.03.2013

Никозија, 21.03.2013

Кипарските лидери денеска ќе разговараат за алтернативен план за штедење со цел да го избегнат банкротот откако ги отфрлија условите од Европската Унија за добивање финансиска помош. Претседателот Никос Анастасијадес ќе го презентира планот Б, а според најавите тој содржи национализација на пензиските фондови, но и оданочување на депозитите во банките, но помалку отколку што првично беше предложено. Во меѓувреме, кипарскиот министер за финансии, по состаноците со руски претставници за можен нов заем, изјави дека преговорите се одвивале во добра насока. Во кипарските банки има околу 31 милијарда долари руски приватни и корпоративни депозити.
XS
SM
MD
LG