Достапни линкови

Бомбардиран бегалски камп во Пакистан, 12 загинати


Пакистанската полиција соопшти дека денеска бил бомбардиран еден камп за привремено расселени лица во близина на Пешавар, при што биле убиени најмалку 12 лица. До нападот врз кампот дошло во момент кога таму била дистрибуирана помош за бегалците, јави дописникот на Радио Слободна Европа од Пакистан. Меѓу загинатите биле и две деца, а 20-тина лица биле повредени.
XS
SM
MD
LG