Достапни линкови

Без решение во разговорите меѓу Србија и Косово во Брисел


Последните разговори на премиерите на Србија и Косово завршија во Брисел доцна вчеравечер. Во 12 часовната дискусија не било постигнато конечно решение. Сепак, шефот за надворешна политика на Европската унија Кетрин Ештон изјави дека двете страни се близу до решение за многу суштински прашања во врска со северот на Косово. Двајцата премиери – Хашим Тачи и Ивица Дачиќ рекоа дека разговорите се движат во вистинска насока но дека решението не е ни близу ни далеку. Следната средба е закажана на 2 април.
XS
SM
MD
LG