Достапни линкови

Како да се реши ЕМО - локални избори во Охрид


ЕМО Охрид.

ЕМО Охрид.

Некогашниот охридски гигант, фабриката ЕMO, и овие избори се најде во предизборните математики и политички игри помеѓу политичките опоненти во Охрид.

Некогашниот охридски гигант, фабриката ЕMO, и овие избори се најде во предизборните математики и политички игри помеѓу политичките опоненти во Охрид.
Оваа иста влада од кога е на власт, сега последните 7 години, има потрошено 17 милијарди евра буџетски средства, а има земено и 3 милијарди евра кредити. Иако ветија на изборите во 2011 година дека за ЕМО ќе одвојат 7 милиони евра од овие 20 милијарди, тоа не го имаат направено и немаат намера да го направат.

Кандидатот за градоначалник на СДСМ и актуелен градоначалник на Охрид, Александар Петрески рече дека владата, и покрај тоа што се расфрлала со големи суми на буџетски средства, никако да најде 7 милиони евра за да ги подмири своите обврски кон сегашните и поранешните вработени.
Охрид.

Охрид.


„Оваа иста влада од кога е на власт, сега последните 7 години, има потрошено 17 милијарди евра буџетски средства, а има земено и 3 милијарди евра кредити. Иако ветија на изборите во 2011 година дека за ЕМО ќе одвојат 7 милиони евра од овие 20 милијарди, тоа не го имаат направено и немаат намера да го направат“, рече тој.

Петрески, кој порано работел во ЕМО, тврди дека ако не биле локалните избори, ЕМО досега ќе заминел во стечај. Гордоста на Охрид и Македонија, од каде охриѓани егзистираа, на најкриминален начин завршува тажно, вели Петрески.
Злосторниците секогаш се враќаат на местото каде направиле злосторство. Така и СДСМ и Петрески, кој беше еден од директорите, се најде предизборно пред ЕМО.

„И тие што одат на работа сега им е исплатена само една четвртина од платата што им е ветена. Јас им ветувам на сите вработени дека нема да го дозволиме она што се случуваше во минатото кога доаѓаа директори од Скопје пуштени од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, кои земаа по 300.000 денари плата и спиеја во хотели“, рече Петрески.

Злосторниците секогаш се враќаат на местото каде направиле злосторство. Така и СДСМ и Петрески, кој беше еден од директорите, се најде предизборно пред ЕМО, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Нивното злосторство врз ЕМО е покриено со куп кривични пријави и осуди за злоупотреби против низа на директори на СДСМ, се вели во нивната реакција.

Поранешни вработени во ЕМО неодамна рекоа дека состојбата во компанијата била повеќе од лоша.

„Моментално во ЕМО е тотална лудница, никој ништо не знае. И тие што одат на работа за џабе одат на работа. За 4 години ЕМО ни должи по 40 плати. Јас и сопругот заедно бевме на работа во ЕМО од 1979 година. И двајцата не исфрлија партиски и сега може да замислите како ние сега преживуваме“, вели поранешна вработена во ЕМО.

„Најтешко што може, без пари сме. Ситуацијата е лоша, како може да биде. Порано беше многу убаво, редовни плати, редовно сè, ама сега нема ништо“, вели друг вработен.

Досега пропаднаа неколку обиди за продажба на ЕМО на странски инвеститор.
XS
SM
MD
LG