Достапни линкови

Започна седмиот круг од дијалогот меѓу Белград и Приштина


Премиерите на Србија и на Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи со шефицата за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон

Премиерите на Србија и на Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи со шефицата за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон

Во Брисел започна седмиот круг од дијалогот меѓу премиерите на Србија и на Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи, под покровителство на ЕУ. Најпрвин тие одржале заедничка средба со шефицата за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон, која траела околу два часа. Во тек е состанокот на Ештон со Дачиќ, а претходно таа имаше одделна средба и со Тачи.
Пред да започнат преговорите лидерите на Косово и Србија разговараа со високиот американски претставник задолжен за Западен Балкан, Филип Рикер. Се очекува по завршувањето на преговорите учесниците да одржат прес-конференција.
XS
SM
MD
LG