Достапни линкови

Германија-сослушување за напад врз цивили во Авганистан


Германскиот суд ги започна сослушувањата за тужбата на роднините на жртвите од воздушниот напад во Авганистан, кој бил извршен под наредба на германски командант во НАТО. Американски борбени авиони на 4 септември во 2009 година извршиле напад врз два танкери за гориво, кои биле украдени од бунтовниците во авганистанскиот град Кундуз.
Повеќе од 90 цивили загинаа во нападот. Сослушувањето започна со испитувањето на еден татко, кој бара 40 илајди евра за загубата на неговите две деца.
XS
SM
MD
LG