Достапни линкови

Претресен станот на шефот на ММФ


Шефот на ММФ Кристин Лагард

Шефот на ММФ Кристин Лагард

Француските власти извршиле претрес во станот на шефот на ММФ Кристин Лагард во Париз, поради истрагата за исплата на оштета во 2008 година на бизнисмен, кој бил поддржувач на поранешниот претседател Никола Саркози, соопшти нејзиниот адвокат. Полицијата ги истражува тврдењата дека Лагард, кога ја извршувала функцијата министер за финансии наводно незаконски одобрила на Бернард Тапи да му се исплатат 285 милиони евра.
Нејзиниот адвокат соопшти дека Лагард ги негира обвинувањата и дека истрагата ќе покаже дека неговата клиентка не направила кривично дело.
XS
SM
MD
LG