Достапни линкови

Белгија е фаворит, но во Скопје никој не е недопирлив


Белгија е фаворит, но на Арената Филип Втори во Скопје никој не е недопирлив, велат македонските фудбалери во пресрет на петочниот квалификациски меч.

Белгија е фаворит, но на Арената Филип Втори во Скопје никој не е недопирлив.
Нормално дека на хартија Белгија е фаворит, но ние нема да се предаваме пред натпревар. Треба да ја играме нашата игра, да се трудиме максимално, да уживаме во нашата игра и нормално да не бодрат навивачите. Така да ќе се бориме до крај и мислам дека ние сме луѓе, тие се луѓе и ќе се потрудиме максимално да го завршиме натпреварот со позитивен резултат за нас.
Агим Ибраими, македонски фудбалски репрезентативец.

Со оваа порака, македонските фудбалски репрезентативци го очекуваат петочниот дуел со Белгија, во квалификациите за СП во Бразил. Лидерот во нашата група, со светските фудбалски ѕвезди Азар, Фелаини, Лукаку, Бентеке, Компани, Вермален, Ван Бајтен и другите, важи за главен фаворит за пласман на Мундијалот. Но, тоа не ги плаши избраниците на селекторот Чедомир Јаневски, кои со триумфот над Србија, ремито во Шкотска, солидните игри против Хрватска, како и победите во пријателските средби со Словенија и со Данска, докажаа дека никој не смее да ги потцени. Затоа и најавуваат атак на позитивен резултат задутре, а најдобриот македонски фудбалер за минатата година Агим Ибраими, вели:

Се работи за индивидуалци, навистина добри кои што играат во сериозни клубови. Меѓутоа претходните неколку натпревари покажавме дека можеме, дека сакаме и навистина кога ќе оставиме срце сигурно дека и резултатите ќе ни дојдат.
Иван Тричковски, македонски фудбалски репрезентативец.
„Нормално дека на хартија Белгија е фаворит, но ние нема да се предаваме пред натпревар. Треба да ја играме нашата игра, да се трудиме максимално, да уживаме во нашата игра и нормално да не бодрат навивачите. Така да ќе се бориме до крај и мислам дека ние сме луѓе, тие се луѓе и ќе се потрудиме максимално да го завршиме натпреварот со позитивен резултат за нас. Со победа ни се отвораат вратите за Светското првенство, но нерешен резултат против една моќна Белгија исто е позитивен резултат за нас“, изјави фудбалерот кој в петок ќе се обиде да стане првиот македонски репрезентативец со постигнати голови на пет едноподруго натпревари во дресот со националниот грб.

Слично размислува и напаѓачот Иван Тричковски. Како член на белгискиот Бриж, тој многу добро знае со каков противник ќе си имаме работа, но го знае и рецептот за нов успех.

„Дека ќе биде тежок, ќе биде навистина многу тежок натпревар и значаен за двете селекции. Се работи за индивидуалци, навистина добри кои што играат во сериозни клубови. Меѓутоа претходните неколку натпревари покажавме дека можеме, дека сакаме и навистина кога ќе оставиме срце сигурно дека и резултатите ќе ни дојдат. Атмосферата можам да кажам дека е на едно високо ниво, позитивна. Сите сме расположени и едвај чекаме да дојде натпреварот. И ќе пробаме да дадеме се од себе за да биде поволен резултатот“, рече Тричковски.

Тоа од нашите репрезентативци го очекуваат и љубителите на фудбалот, кои вообичаено, не помислуваат на пораз.

„Очекувам нерешено да биде. Белгија е многу јака екипа, има добри поединци, но ние сме во добра форма, така да мислам дека ќе биде нерешено.“

„Се надевам дека ќе победиме.“

„Добра игра и победа. Сигурно.“

„Еден бод да се земе од Белгија е голем успех. Белгија има млад тим, добар, така да не верувам за победа, а за нерешено би можело да биде.“

„Со цврста игра, добра организација добра поставеност на играта, поддршка од публиката, ќе биде преполн стадионот Филип Втори, мислам дека би можеле да направиме некое изненадување.“

„Победа за Македонија.“

„Победа. 2-1. Доволно“, изјавија анкетираните граѓани.

По досега одиграните 4 кола, во нашата квалификациска група со по десет бодови, први се селекциите на Белгија и на Хрватска. Третото место, со по 4 бодови го делат Македонија и Србија, Велс има 3, а шестата Шкотска два бода.
XS
SM
MD
LG