Достапни линкови

logo-print

Кипарската православна црква ќе помогне во финансиската криза


Поглаварот на Кипарската православна црква архиепископ Хризостом изјави дека црковните средства ќе ги стави на располагање на државата со цел да помогне за излез од финансиската криза. Тој по денешниот состанок со претседателот Никос Анастасиадис рече дека Црквата планира да ги заложи своите активи инвестирајќи во државни обврзници. Кипарската црква има значителни средства и акции во банки и пиварници. Кипарските пратеници вчера го отфрлија планот за оданочување на банкарските депозити во земјата, што го стави под знак прашање меѓународниот план за спас на Кипар.
XS
SM
MD
LG