Достапни линкови

Вицепремиерот Бесими во посета на Брисел


Фатмир Бесими

Фатмир Бесими

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Фатмир Бесими од денеска е во дводневна работна посета во Брисел во рамки на која ќе се сретне со генералниот директор на Директоратот при ЕК за проширување Стефано Санино. Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, Бесими на оваа прва средба со Санино ќе разговара за постигнатиот напредок во реализацијата на договорените реформски цели во рамки на пристапниот дијалог на високо ниво и за подготовките за пролетниот извештај на Европската комисија.
XS
SM
MD
LG