Достапни линкови

Ховит: компромисни амадмани за резолуцијата за Македонија


Ричард Ховит

Ричард Ховит

„Имаме политички договор меѓу сите главни партии во Европскиот парламент за компромисни амадмани за се освен за една точка“. Ова за МИА го изјавил известувачот за Македонија во Европскиот парламент Ричард Ховит, во однос на претстојното гласање за Резолуцијата за земјата закажано за 8 април. Според Ховит, од 203 амадмани поднесени главно од грчки и бугарски европратеници, имало десетина споени кои ќе бидат гласани во Комитетот за надворешни работи. „Во секој случај, најважно е што нема некое крупно политичко несогласување меѓу мене како известувач и известувачите во сенка кои се претставници на сите политички партии во Европарламентот“, вели Ховит, додавајќи дека ќе има една референца за последните етнички инциденти во Македонија, со која ЕП ќе ги охрабри страните да креираат добри меѓуетничка односи.
XS
SM
MD
LG