Достапни линкови

logo-print

Шојбле: кипарските банки можеби нема веќе да проработат


Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле изјави дека банките на Кипар можеби никогаш веќе нема да бидат отворени. Тој потенцира дека двете најголеми кипарски банки се директно зависни од Европската централна банка. „Некој треба тоа да им го објасни на граѓаните на Кипар“, изјави Шојбле откако пратениците во кипарскиот парламент го отфрлија многу непопуларниот предлог за еднократно оданочување на банкарските депозити како дел од спасувачкиот пакет на ЕУ и ММФ во вредност од 10 милијарди евра.
XS
SM
MD
LG