Достапни линкови

Кипар се соочува со несигурност


Никозија.

Никозија.

Во парламентот на Кипар денеска се одржуваат вонредни состаноци, ден откако пратениците го отфрлија многу непопуларниот предлог за еднократно оданочување на банкарските депозити како дел од спасувачкиот пакет. Ваквата одлука предизвика разочарување во еврогрупата.

Ниту еден кипарски пратеник не гласаше за мерката која во последен момент беше дополнета со олеснување за помалите штедачи од оданочување на нивните влогови.

Со нацрт законот беше предвидено сите граѓани кои на своите сметки имаат помалку од 100 илјади евра да платат еднократен данок од 6,7 насто, а над таа сума данок од 9,9 проценти.

Еврозоната бара од кипарската влада да собере 5,8 милијарди долари како дел од преговорите за спасувачкиот пакет вреден околу 10 милијарди евра.

Се смета дека без финансиска помош од ЕУ и ММФ на банкарскиот систем на Кипар му се заканува колапс, а на земјата банкрот.
На одлуката на кипарскиот парламент реагираа берзите, по што на берзата во Њујорк вредноста на еврото спрема доларот падна на најниско ниво во изминативе три месеци.

Претседателот Никос Анастасијадес изјави дека ќе ја почитува одлуката на парламентот.

И додека во Кипар таа беше пречекана со радост, претставници на еврозоната изразија разочарување.

Во меѓувреме, кипарскиот минситер за финасии Михал Сарис пристигна во Москва на разговори со руските домаќини во потрага по дополнителна помош. Русија веќе му има позајмено на Кипар околу 2,5 милијарди евра.

Москва беше против еднократното оданочување на депозитите бидејќи таа мерка ќе ги погодеше и влоговите на богатите руси во киперските банки.

На одлуката на кипарскиот парламент реагираа берзите, по што на берзата во Њујорк вредноста на еврото спрема доларот падна на најниско ниво во изминативе три месеци.

Кипарското одбивање предизвика и пад на акциите на Атинската берза.

Агенциите јавија дека Британија испратила специјален авион на Кралските воздухопловни сили со милион евра како финансиска поддршка на британскиот воен персонал на тој остров. На Кипар се стационирани 3 илјади британски војници. Банките на Кипар остануваат затворени се до петок, а банкоматите веќе биле испразнети.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG