Достапни линкови

logo-print

Ставридис: Членки на НАТО размислуваат за воена акција во Сирија


Американскиот воен командант во Европа Џејмс Ставридис изјави дека неколку земји членки на НАТО размислуваат и прават планови за можна воена акција во Сирија. Тој пред комисијата за вооружени служби на Сенатот во САД изјави дека каква било акција ќе бара резолуција од Советот за безбедност на НАТО и договор на сите 28 земји членки на НАТО. Ваквите забелешки доаѓаат по обвинувањата на сириските владини служби и бунтовници за употреба на хемиско оружје за време на нападите.
XS
SM
MD
LG