Достапни линкови

Заробени 18 рудари во рудник во Полска


Најмалку 18 рудари се затрупани под земја во Полска по земјотресот што предизвика лизгање на земјиште во рудникот за бакар. Рударите се заробени на 600 метри под земја во рудникот Рудна кој се наоѓа на 400 километри југоисточно од главниот полски град Варшава. Спасувачките акции биле привремено стопирани, откако при неколку обиди со копање да дојдат до рударите, се одронило земјиште. Локалните власти соопштија дека рударите со нив опрема за дишење која ќе им овозможи кислород во наредни девет часа.
XS
SM
MD
LG