Достапни линкови

Кипарскиот парламент расправа за банкарските депозити


Протести на граѓаните на Кипар против спасувачкиот план на ЕУ

Протести на граѓаните на Кипар против спасувачкиот план на ЕУ

Кипарскиот парламент ја започна седницата на која ќе расправа за предлог-законот за оданочување на банкарските депозити, што е условено од меѓународната заедница за земјата да добие финансиска помош. Партијата на кипарскиот претседател Никос Анастасиадис најави дека ќе се воздржи од гласање за спасувачки план на ЕУ. Приватната телевизија Сигма јави дека сите останати политички партии ќе се воздржат од гласањето за планот, кој предизвика незадоволство во Кипар.
Еврогрупата во меѓувреме подготвува вонредна седница за Кипар поради политичката криза во земјата, околу условите за отпуштање на спасувачкиот план.
XS
SM
MD
LG