Достапни линкови

Ослободена ќерката на поранешен претседател на Иран


Фаезех Хашеми

Фаезех Хашеми

Ќерката на поранешниот ирански претседател Акбар Хашеми Рафсањани е пуштена од затвор, откако отслужи казна од шест месеци под обвинение за ширење на антидржавна пропаганда. Фаезех Хашеми беше уапсена во септември, а осудена во јануари, при што судот и забрани да се ангажира во политички активности во наредните пет години.
Таа беше учесник и во протестите по реизборот на претседателот Махмуд Ахмадинеџад во 2009 година.
XS
SM
MD
LG