Достапни линкови

Британски ветерани добија медали за храброст


Британскиот премиер Дејвид Камерун на доделување на медалите

Британскиот премиер Дејвид Камерун на доделување на медалите

На околу 40 британски ветерани од Втората Светска војна им беше доделена награда за нивниот придонес. Премиерот Дејвид Камерун ги поздрави мажите како херои и им ја додели артичката ѕвезда на церемонијата на Даунинг стрит. Околу 3000 морнари и трговци загинаа додека артичките конвои пренесуваа залихи на Советската унија од 1941 до 1945 година.
Според Камерун, ветераните биле дел од најважната битка во изминатите 100 години со тоа што му помагале на сојузникот во борбата против Хитлер.
XS
SM
MD
LG